Новиот италијански парламент првата седница ќе ја оддржи на 15 март

Од:

Новиот италијански парламент, во чиј Сенат ниту една политичка сила нема апсолутно мнозинство, на 15 март ќе се собере на првото заседание за да се направи обид за решавање на политичката криза, пренесуваат француските медиуми, цитирајќи го претседателот Џорџо Наполитано.

Првично постоеше идеа парламентот да се свика порано, но претседателот оцени дека за такво нешто постојат тешкотии, се посочува во изјава на италијанското претседателство.

Наполитано изразува надеж дека се уште има време за плодни консултации со цел да се формира нова влада, се посочува во изјавата.

Наполитано притоа смета на трите главни политички сили, што на изборите на 24 и 25 февруари освоија најмногу гласови, да се обидат да најдат излез од кризата.

Трите сили се левоцентристите на Пиер Луиџи Берсани, десноцентристите на Силвио Берлускони и „Движењето пет ѕвезди“ на Бепе Грило.

Берсани има апсолутно мнозинство во Долниот дом на парламентот. Тој сака апсолутно мнозинство и во Сенатот, за таа цел смета на поддршката на „Движењето пет ѕвезди“, но Бепе Грило одбива да го поддржи.

Ниту Берсани, ниту Грило не размислуваат на варијантата за коалиција со Берлускони.

Консултациите на претседателот, што имаат за цел да се избере човекот кој ќе ја состави новата влада, не можат да почнат пред двата дома на парламентот да се соберат на прво заседание, да изберат свои претседатели и да создадат парламентарни и сенатски комисии.

Во обид да ја реши кризата, италијанскиот премиер во оставка Марио Монти ги покани Берсани, Берлускони и Грило на одделни консултации, за да се постигне согласност за заедничката позиција за европската средба на врвот на 14 март.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски