Новиот гувернер на Банката на Англија (BоE) Марк Карни ќе добива повеќе од 1000 долари на ден за трошоците за живеење кога следната година ќе ја заземе таа позиција, поред платата, која е веќе меѓу највисоките за гувернер на една централна банка.
Во соопштението на (BоE) се наведува дека Карни, кој во моментов е гувернер на банката на Канада, ќе добие додаток за трошоци за домување од 250.000 фунти (406.000 долари) годишно, поред платата од 624,000 фунти.
Ова значи дека заработувачката на поранешниот инвестициски банкар на американската банка “Goldman Saks” ќе биде значително повисока од платата на сегашниот гувернер на (BоE) Мервин Кинг, која изнесува 305.000 илјади фунти. Дури и без додатоци, платата на Керни е значително повисока во споредба со платите на другите гувернери на централните банки. На пример, шефот на Федералните резерви на САД (ФЕД) Бен Бернанке добива околу 200.000 долари годишно. Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги заработува околу 370.000 евра (489.000 долари). Карни заработува околу 500.000 долари годишно на чело на Банката на Канада.