Новиот државен секретар на САД е потомок на Иван Грозни

Од:

Британската издавачка куќа Burke `s Peerage, специјализирана за прашањата од генеологијата, објави податоци за семејното стебло на 69-годишниот сенатор Џон Кери. Тој е потомок на неколку династии во Европа, вклучително и на руски цареви. Меѓу претците на Џон Кери е и Иван Грозни. Кандидатурата на Кери за шеф на американската дипломатија треба да биде одобрена од Конгресот на САД.

Кери беше избран прв пат во Сенатот на САД во 1985 година, а сега е еден од највлијателните фигури, особено во сферата на надворешната политика. Во 2004 година тој ја изгуби претседателската трка од тогашниот претседател Џорџ Буш помладиот.

Џон Кери ја поддржуваше политиката на Обама за рестартирање на Американско-руските односи. Тој се залага и за развојот на економската соработка меѓу двете земји, сметајќи дека тоа ќе ја зголеми благосостојбата на Американците. Во исто време, тој го критикуваше ставот на Русија за сирискиот конфликт.

 

 

Би можело да ве интересира

Ентони Блинкен ја презеде функцијата државен секретар на САД

Џон Кери повика за влада на национално единство во Јемен за да се стави крај на војната

А1он

САД со предупредување до Турција: Покажете легитимни докази

Предраг Петровиќ

Кери бара наоѓање „допирни точки“ со Русија во врска со конфликтите во Украина и Сирија

Емир Латифовиќ