Новинската агенција Франс прес ќе избрка 125 вработени

Од:

Извршниот директор на француската новинска агенција Франс прес, Фабрис Фрис денеска објави план кој предвидува укинување на 125 работни места во следните пет години.

Согласно планот, ќе бидат укинати работните места на лица кои ќе заминат во пензија. Во следните пет години од агенцијата треба да се пензионираат 160 лица, а ќе бидат вработени само 35 нови.

Предвидените 125 работни места за укинување претставуваат пет проценти од вкупниот број вработени во Франс прес на крајот на 2017 години.

Со планот што го објави Фрис, се предвидува укинување на 85 работни места во техничките и административните служби на агенцијата, како и на 40 новинари.

Ваквите мерки се преземаат со цел да се намалат расходите на агенцијата, која се соочува со зголемни трошоци и цени.

Со планот се превидува до 2013 година, трошоците на Франс прес да се намалат за 16,5 милиони евра, од кои 14 милиони на име плати на вработените.

Фрис го презеде раководењето со Франс прес во април годинава.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Меџити ќе го критикува Бесими: Седум месеци договарам да се вработат сите што се на определено

Орце Костов

Осум Македонци се пишале Албанци за да се вработат во општина Куманово

Орце Костов

Предлогот на МФ за измените на Законот за игри на среќа е целосно неприфатлив

Горан Наумовски