Новинарот на „Шпигел“ тврди дека не присвоил донации

Од:

Адвокатите на новинарот на германскиот неделник „Шпигел“ Клас Релотиус соопштија дека тој демантира дека зел донации наводно наменети за сириски деца.

„Шпигел“ денеска соопшти дека Релотиус барал донации од читатели, и дека ќе соработува со обвинителите за да се откријат сите детали од аферата.

Адвокатите наведуваат дека Релотиус понудил да ги проследи парите кои читателите сакале да ги донираат. Според нив, Релотиус не открил дека децата всушност не постојат, туку дека никогаш не сакал парите да ги земе за себе.

Адвокатите тврдат дека 7.000 евра донации Релотиус ги предал на германски проект за помош на деца бегалци во Ирак.

„Шпигел“, каде што работеше Релотиус, пред неколку дена соопшти дека тој лажирал интервјуа и факти во речиси 14 свои статии во текот на неколку години.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени