Новинарите кои ќе ја следат инаугурацијата на бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, се пожалија на начинот на кои тие беа третирани на тој настан.
Болсонаро е гласен критичар на медиумите, а од медиумските тимови било побарано да дојдат седум часа пред почетокот на церемонијата.
Неколку новинари се пожалија на социјалната мрежа „Твитер“ дека припадниците на обезедувањето им ја зеле храната и напитоците кои тиа сами си ги понеле, со објаснување дека за нив тоа наводно претставува закана.
Болсонаро вети дека некои медиуми веќе нема да можат да заработуваат пари од рекламирање на државните компании.
Новиот бразилски претседател положи заклетва, а во своето обраќање вети дека ќе се бори против корупцијата и насилните злосторства.