Познат боливиски радио новинар бил нападнат и жив запален додека водел емисија во јужниот град Јакуиба, јави BBC.
Вработените во „Радио популар“ раскажаа дека четворица маскирани мажи влегле во студиото, го полеале Видал со бензин и го запалиле. Седумдесет и осум годишниот новинар и уште еден вработен во радиото биле пренесени во болница со тешки изгореници.
Според очевидци, напаѓачите фрлиле и неколку молотови коктели во просториите на радиото.
Блиски на Видал сметаат дека нападот е политички мотивиран, бидејќи тој го истражувал шверцот во пограничните боливиски региони.
Три лица се уапсени под сомнение дека го подготвувале нападот.