Новинар во САД осуден на пет години затвор поради поддршка на „Анонимуси“

Од:

Американскиот новинар Барет Браун, кој пишувал за хакерската група „Анонимуси“ и беше неофицијален портпарол на групата, вчера во Далас, Тексас, осуден е на 63 месеци затвор.

Процесот против 33-годишниот Браун, кој беше уапсен во 2012 година ги мобилизира активистите за слобода на медиумите. Првично тој беше обвинет за соработка со хакерите, но подоцна беше прогласен за виновен по помали обвиненија. Браун треба да плати и казна од 890.000 долари.

– САД на неправедноста: Барет Браун е осуден на 63 месеци во федерален затвор“ напишаа „Анонимуси“ на Твитер, како и „Ослободете го Барет Браун“.

Браун кој работеше за „Хафингтон пост“ и за „Венити феар“ ја поддржувал групата „Анонимуси“. Процесот против него почна откако ги објави линковите за информации од фирмата за безбедност „Статфор“ во 2011 година. Тој истакна дека тој е осуден поради копирање и објавување на јавно достапен линк, како и другите новинари кои го распространија, без да бидат судени.

И „Репортери бе граници“ побараа казната за Браун да не биде поголема од времето што тој го помина во притвор или 30 месеци.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД