Новинар тајно се вработил во фабрика за Ајфон во Кина, едвај преживеал

Од:

Новинар на Шангај Ивнинг Пост бил на тајна задача и притоа вработен во фабрика која произведува Ајфон во Кина. Објавил детална репортажа за своето искуство во Фокскон, фабрика која се наоѓа во кинескиот град Таи Јуан, и каде се произведуваат делови за компјутери, телефони, таблет-уреди.

Новинарот бил задолжен за дел од производството на Ајфон.

Откако добил работа морал да оди на интензивен седумдневен тренинг. Му покажале каде ќе спие, каде ќе јаде и како да состави телефонски уред. Работел ноќна смена која траела од полноќ до шест наутро без право на пауза. Меѓутоа работното време како што наведува, било подолго.

Домот во кој спијат работниците го опишал како„ноќен кошмар“. Во него се чувствувала смрдеа од ѓубре и пот, а кога отворил гардеробер, од него почнале да излегуваат глувци.

– Постелнината која им се дава на новите работници е нечиста и полна со пепел, пишува новинарот чие име не е објавено.

– Кога ќе седнеш, ќе работиш само она што ќе ти се каже, му рекол супервизорот.

– Ова е дел од нов Ајфон 5, кој се уште не се продава, и би требало да се среќен што ќе имаш прилика да учествуваш во неговото производство, додал супервизорот.

На секоја минута морал да ја обележи на четири места задната страна на Ајфон 5 и да ја врати назад на производната лента.

– Неколку часа таква работа и почнува да боли вратот и мускулите на рацете. Новиот работник кој работеше спроти мене беше исцрпен и легна за момент. Супервизорот го виде и го казни со „10 минути во ќош“. Постојано работевме, од полноќ до шест наутро, но останувавме и подолго бидејќи никој не смее да стане додека се движи лентата, пишува новинарот.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени