Новинар на Ал Џезира уапсен во Германија

Од:

Новинарот на Ал Џезира, Ахмед Мансур (52) е уапсен во Германија, врз основа на меѓународна потерница распишана од египетските правосудни власти.

Мансур е уапсен во моментите кога се подготвувал да замине од Берлин за Доха, во Катар. Задржан е во притвор, на берлинскиот аеродром, каде ќе остане до утре, кога за прв пат ќе биде изведен пред истражен судија.

Минатата година, судот во Каиро го осуди во отсуство Мансур на 15 години затвор, откако беше обвинет за повеќе кривични дела, вклучувајќи и за спроведување тортура.

Мансур кои има двојно британско и египетско државјанство, ги отфрли обвинувањата на египетските власти, како „апсурдни и лажни„.

По повод апсењето на берлинскиот аеродром, на Твитер тој има напишано дека „не може да разбере, како една земја каква што е Германија, може да подржува барање на еден диктаторски режим каков што е оној во Египет„.Слична е реакцијата и од уредништвото на Ал Џезира.

Тројца други новинари на оваа арапска телевизиска компанија, во 2013 година беа осудени во Каиро, обвинети за ширење лажни вести и за кампања за подршка и пропагирање на сега забранетото Муслиманско Братство, како и на тргнатиот од власт исламистички претседател Мохамед Морси.

Едниот од нив, Автралијанецот Питер Гресте подоцна беше протеран од Египет, а другите двајца беа ослободени со кауција и чекаат одново да им се суди, откако пресудите им беа поништени.

Односоте меѓу Египет и Катар значително се влошија, откако официјална Доха застана зад Муслиманското Братство и зад Морси, по бескрвниот пуч на египетската армија пред безмалку две години.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“