Седум мртви тела, запалени и осакатени, се пронајдени на задното седиште во еден камионет, во западно Мексико, каде што се постојани борбите меѓу нарко-картелите.
Телата се пронајдени на автопатот источно од езерото Чапала, помеѓу градовите Сахајо и Ла Барка.
Долж истиот автопат се пронајдени уште 17 тела неделава. Оваа област се наоѓа на границата на сојузните држави Халиско и Микоакан.
За превласт над областа се борат нарко-картелите Нова генерација од Халиска и Витези и темплари од Микоакан.