Нови закани од Северна Кореја до САД

Од:

Северна Кореја се закани денеска дека ќе ги нападне американските воени бази на островите Гуам и Окинава ако биде провоцирана. Воената команда во државата укажува дека располага со оружје со прецизен дострел до тие американски бази.

Пјонгјанг се закани претходно со нуклеарен напад врз САД, нешто што е далеку од нејзините воени можности во овој момент, наведуваат западни медиуми. Воените бази на САД во Тихиот Океан се во опсег на нејзините ракети со среден дострел.

Базата на островот Гуам ја користат стратешките бомбардери Б-52.

Воздушна тревога беше дадена денеска во Пјонгјанг и други градови во Северна Кореја најверојатно заради масовни воени вежби. Во нив учествуваат не само војници туку и резервисти. Се одржуваат во исто време кога и американско-јужнокорејските воени маневри во јужниот дел од Корејскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски