Нови заболени и нови жртви на МЕРС во Јужна Кореја

Од:

Здравствените власти на Јужна Кореја соопштија дека вчера, понеделникот, вечерта во болниците во Сеул се дијагностицирани три нови случаи заразени со смртоносниот вирус МЕРС. Двајца од порано заболените починале, со што бројот на жртвите се искачи на 29.

Вчера од болниците како здрави се отпуштени шест пациенти кај кои имало симптоми на болеста кај нас позната и како Нилска треска. Денеска, во болниците има 95 инфицирани пациенти, а во карантин се наоѓаат 3.833 лица кои имале директен контакт со веќе заразените. Најмногу сомнителни случаи, 5.930, што беа држени под карантин се регистрирани минатиот четврток.

Најмногу поради ненавремено преземените мерки за безбедност на персоналот во болниците, од вкупниот број пациенти за кои е утврдено дека се заразени со МЕРС, смртоносниот вирус ги нападнал 84 од вкупниот број на 172 заразени. Во досегашната непријатна статистика од епидемијата со МЕРС се и податоците дека до вчера вирусот нападнал 33 медицински работници, најмногу лекари и медицински сестри кои контактирале со заболените, без соодветна заштита.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски