Три лица беа убиени денеска во судири меѓу демонстранти и сили за безбедност во центарот на египетскиот главен град.
Двајца млади лица биле застрелани на плоштадот Тахрир, а тело на трета жртва е пронајдено на улица во близина на плоштадот.
Немирите на плоштадот почнаа утрото заради што беше засило обезбедувањето на два големи хотела во близината. Синоќа непознати лица се обиделе да упаднат во Семирамис, еден од најстарите хотели во Каиро. Тие биле спречени од демонстрантите. Во ноќта во хотелот бил фрлен Молотов коктел по што избувнал пожар кој бил изгаснат од вработени во хотелот. Во врска со нападот врз хотелот уапсени се околу 200 луѓе.
Бројот на жртвите во изминатите седум дена во немирите во Каиро е над 50.