Сиера Леоне соопшти дека вирусот на ебола одново се појави во престолнината Фритаун, која се надеваше дека го надмина опасното заболување по три седмици без нов случај.
– Трнливиот пат кон нула број случаи ќе продолжи да ја става на тест нашата одлучност и трпение, предупреди директорот на Националниот центар за борба против еболата Пало Контех.
Трите нови случаи биле регистирани во источниот дел на Фритаун. Властите стравуваат дека заразата брзо може да избувне во тој густо населен кварт, што често страда од маларија и колера.