Нови судири меѓу израелската полиција и млади Палестинци во Источен Ерусалим

Од:

Палестински момчиња денеска се судрија со израелската полиција во Источен Ерусалим и ги продолжија протестите, што избувнаа откако Палестинец со автомобил удри во трамвајска станица и потоа беше застрелан од израелски полицаец, пренесе ДПА.

При сообраќајната несреќа загина тримесечно бебе со израелско и американско државјанство, а осум други лица беа ранети.

Маскираните демонстранти фрлаа камења и бомби, а полицијата одговори со шок гранати.

Во текот ноќта, исто така, имало судири меѓу засилените полициски сили и неколку десетици демонстранти.

Дваесетгодишниот возач Абед Абделрахман Шалудех, кој со својот автомобил ја предизвикал несреќата, почина во текот на ноќта во болницата од здобиените огнострелни рани.

Полицискиот портпарол Мики Розенфелд изјави дека случајот веројатно е терористички напад и потврди дека загинатото бебе и неговите родители се американски државјани. Тие дошле од Аризона за да учат во духовната академија во Ерусалим.

Снимките од безбедносните камери покажуваат како возилото излегува од коловозот и навлегува на шините, што се забранети за другите превозни
средства, и потоа со голема брзина удира во патниците кои чекаат на станицата.

Шалудех претходно издржувал казна во израелски затвор поради обвиненија поврзани со безбедноста, соопшти израелската полиција.

Според палестински сведоци, возачот ја загубил контролата врз возилото и бил прострелан во грбот од страна на израелски полицаец.

Според сведоци од еврејско потекло, возилото чекало на станица да се собрат повеќе луѓе, за потоа нагло да ја зголеми бризината и да удри во нив.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации