Нови судири меѓу филипнската армија и прокомунистичките бунтовници

Од:

Вооружените судири меѓу филипинската армија и бунтовничкото левичарско движење Нова Народна Армија (НПА), што започнаа пред десет дена, продолжија по вчерашниот напад на припадиците на НПА врз постројките за преработка на ананас на познатата компанија „Дел Монте“.

Армијата денеска потврди дека се убиени двајца чувари на складиште на хемиски производи на „Дел Монте“.

Во оваа серија на пресметки меѓу филипинската армија и бунтовниците од НПА загинале 13 припадници на НПА, но има и непотврдени вести за голем број ранети, па и загинати приадници на армијата.

НПА денеска издаде соопштение во кое се потврдува убиството на двајцата чувари во компанијата „Дел Монте“, која во подрачјето Куезон одгледува ананас на 52.000 хектари. Како повод за нападот, НПА ги наведува загадувањето на водите за пиење во подрачјето каде што се преработува ананасот, но и нивниот гнев поради тоа што сопствениците на оваа компанија ги смалувале, а често и не ги давале платите на работниците.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски