Нови судири и жртви на југот на Филипините

Од:

На југот на филипинскиот архипелаг, на островот Минданао, ноќеска се водеа жестоки борби меѓу армијата и припадниците на МОРО, исламистичкиот бунтовнички фронт, известува филипинската новинска агенција ПНА.

Армиски извор потврдуваат дека во два одделни судири загинале 13 припадници на МОРО фронтот и еден војник, а има и десетици ранети на двете страни. Потврдено е дека има и 11 ранети цивили, кои настрадале од експлозии на гранати.

Ова е прв посериозен судир меѓу филипинската армија и припадниците на МОРО фронтот, кои во мај годинава со владата во Манила потпишаа договор за примирје и наместо отцепување од Филипините побараа широка автономија за областа претежно населена со муслимани. Процедурата за прогласување на автономијата се одвива забрзано, а до сега ни една од страните не пројавила незадоволство од постапките.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати