Нови протести во Порт Саид

Од:

Неколку илјади Египќани излегоа денеска на протести во градот Порт Саид поради убиството на околу 60 луѓе во насилствата ширум земјата минатата недела.

Египетската опозиција повика денеска на протести, со цел да се изврши притисок врз претседателот Мохамед Морси да го прифати барањето за формирање влада на национално единство и амандманите за Уставот.

Опозицијата смета дека овие потези ќе ги спречат исламистите самостојно да владеат со Египет преку својата организација „Муслимански браќа“.

Протестите во Порт Саид се одржуваат на првата годишнина од загинувањето на 74 лица во немирите на фудбалскиот стадион во овој град.

Младински групи во текот на денов ќе одржат протестни собири и на плоштадот Тахрир во главниот град Каиро.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет