Нови протести во Бразил

Од:

Во пресрет на средбата на бразилскиот претседател Дилма Русеф со лидерите на протестите и со претставници на регионалните и локалните власти, илјадници лица попладнево почнаа да излегуваат на нови протесни собири ширум Бразил.

Демонстрантите го блокираа пристапот кон најголемото бразилско пристаниште во градот Сантос во сојузната држава Сао Паоло, а информации за протести доаѓаат и од четири други бразилски држави.

Кабинетот на Русеф, информира дека цел на нејзината средба со претставниците на демонстрантите и со гувернерите на сојузните држави и градоначалници на поголемите градови, е да се разгледаат мерки за подобрување на јавните услуги и за борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски