Вооружени напаѓачи пукаа врз камион во кој бил градоначалник од југот на Филипини и негови приврзаници, при што убија 13 луѓе меѓукои и ќерката на градоначалникот.
Градоначалникот и уште девет луѓе се ранети во најтешкото насилство за време на предизборна кампања за изборите во мај. Абдул Манампаран, градоначалник на Нунунган и неговите политички приврзаници се враќале од предизборен собир и според полицијата, врз нив пукале околу 15 луѓе.
Манампаран чиј мандат истекува во крајот на годината, се кандидира за заменик градоначалник.