Нови евакуации поради поплави на Филипините

Од:

Нови поројни дождови се причина за нова евакуација на луѓе во главниот град на Филипините и околните региони кои веќе две недели се борат со поплавите.

Спасувачки тимови се обидуваат да пружат помош на илјадници жители чии домови се поплавени. Најмалку 24 луѓе загинаа во Манила и 16 провинции во северниот дел од државата каде голем дел од реките се излеаја од коритата заради поројните дождови.

Повеќе од половина ммилион луѓе беа принудени да ги напуштат домовите од кои околу 300 илјади се во 500 евакуациски центри, а околу 200 илјади се сместени кај роднини во други делови од државата. Од поплавите се погодени околу два милиона луѓе, јавуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони