Според новите еколошки прописи на ЕУ, видовите камиони и автобуси кои ќе бидат произведени оваа година, ќе емитуваат значително помали количества штетни издувни гасови.
Со овие одредби, познати како Евро VI, е предвидено намалување на емисиите на азотен оксид за 80 отсто и честиците за 66 отсто.
– Намалувањето на емисиите ќе доведе до почист воздух кој го дишиме и напредок на конкурентноста на европската автомобилска индустрија. Со ова се создава двојна добивка: ќе имаме почисти камиони и автобуси, кои ќе бидат во тренд и наменети за извоз ширум светот, истакна еврокомесарот за индустрија Антонио Тајани.
Новите одредби се согласно ограничувањата на емисиите на штетни гасови во САД.