Австриската полиција добила видео снимка кој би можела да расчисти една голема непознаница во врска со терористичкиот напад на 2. ноември во Виена. Видеото би можело да даде одговор на прашањето како напаѓачот Кујтим Фејзулаи дошол вооружен во центарот на градот.
На снимката која трае десетина секунди како што се тврди се гледал маж на совозачкото седиште во автомобил марка БМВ со автоматска пушка меѓу нозете. Полицијата тврди дека се работи за истиот тип оружје кое беше користено во нападот во кој беа убиени четири лица, а беа повредени повеќе од 20.
Видео снимката е поставена на две Ватсап групи, а еден челен на една од овие групи во неделата пред атентатот бил во контакт со напаѓачот. Истот лице е и сопственик на автомобил БМВ и затоа е осомничен дека го возел терористот и на тој начин бил соучесник во нападот. Оваа снимка за кој јавноста дозна сега според магазинот „Профил“, австриската полиција ја добила уште на ноќта на нападот.
Покрај ова во јавност излегоа и нови информации за 20-годишниот Фејзулаи кој по привременото пуштање од притвор, најмалку еднаш бил на сослушување во Службата за заштита на уставноста и борба против тероризмот. Бил сослушуван во врска со лица од исламистичката сцена. Виенската полиција потврди дека во јануари годинава направила „анализа на опасноста“, а во февруари на Фејзулаи му бил одземен австрискиот пасош. Фејзулаи има и македонско државјаноство.