Нови „чудни“ антиковид мерки во Германија

Од:

Во време кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките за корона, во Германија се воведуваат дополнителни „чудни“ антиковид рестрикции.

Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада.

Секој кој досега носел брада мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата не може, како што тврдат, добро да се стави на лицето.

Универзитетот по електронска пошта ги известил студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со правилата за хигиена“, пишува весникот „Нордкурир“.

Студентите можат да пуштат само мустаќи, а ако сакаат да одат на вежби и предавања, мора да ја избричат ​​брадата.

Би можело да ве интересира

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски