Нови американски санкции за Куба

Од:

САД воведоа нови санкции кон Куба поради кршење на човековите права и поради поддршката на Хавана за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Американското Министерство за трговија наведе дека ги поништува постоечките дозволи за изнајмување на авиони за кубанските државни авиопревозници и оти нема да издава нов. Со санкциите ќе бидат опфатени и повеќе странски артикли кои содржат американски делови.

– Овој акт на Министерството за трговија испраќа нова јасна порака до кубанскиот режим – мора веднап да престане со своето уривачко однесување дома и во странство, истакна министерот за трговија Вилбур Рос.

Претседателот на Куба, Мигел Дијас Канел ја осуди американската одлука и на Твитер ја нарече „нехумана, сурова, нефер и геноцидна“.

Односите помеѓу САД и Куба се влошија по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Неговата администрација го ограничи патувањето на Кува и воведе нови економски санкции кон Хавана

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините