Концептот Corolla Furia кој беше претставен од страна на Toyota на саемот во Детроит го најавува и правецот во кој ќе се движат дизајните на идните модели на брендот.
Спортскиот дизајн дополнително го нагласува релативно долгото меѓуоскино растојание од 2.700 mm, како кај поголемиот Avensis, како и пониската (1.425 mm) и поширока силуета (1.805 mm). Должината ќе биде цели 4,62 метри, скоро како моделите од средната класа.
Голем напредок во дизајнот во однос на актуелниот модел, речиси и некарактеристично за името Corolla.