Новата Oктавија ќе почне да се произведува во ноември

Од:

Чешката фабрика за автомобили „Шкода“ на почетокот на ноември ќе почне да го произведува новата генерација на „Oктавија“.

Третата генерација на најпродаваниот модел на фабриката во Млада Болеслав ќе биде претставен на почетокот на 2013 година во верзија седан и караван.

Моделот е конструиран на иста платформа на групацијата Фолксваген, која се користи и кај автомобилите ,,ауди А3″, ,,сеат леон” и ,,фолксваген голф”.

Според најавите, идната годна „Шкода“ планира да ја претстави новата верзија на моделот ,,рапид” со четири врати и голем багажник.

Минатата година ,,Шкода” произведе 875.000 возила од кои продала 372.900 модели „октавија“. Само во првата половина од годинава 219.600 клиенти купиле „октавија“, што е на годишно ниво за 9,7 проценти повеќе. Фабриката предвидува пораст на продажбата и идната година. До 2018 година очекува да произведе најмалку 1,5 милион автомобили на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ