Новата Corvette првото виртуелно возење

Од:

Седмата генерација на американскиот автомобил Corvette е закажана за салонот во Детроит на почетокот на годината првото возење се случи на салонот во Лос Анѓелес.

Секако возењето беше виртуелно на патеките од играта Gran Turismo 5 каде Corvette е претставен како прототип прекриен со масивна камуфлажа од под која се распознаваат само четирите издувни цевки поставени централно.

Седмата генерација на Corvette може да се вози на две најпознати тркачки патеки. Првата е Daytona International Speedway миленик на Американците, а втората е Нирбургринг на која е создавана возната динамика на вистинската Corvette.

Како што беше најавено премиерата ќе се случи во недела на 13 јануари 2013 година.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ