Новата британска агенција за борба со организираниот криминал бара доброволци

Од:

Во Велика Британија денеска почнува со работа новата Национална криминалистичка агенција за борба против организираниот криминал, која планира своите соработници да ги најде во приватниот сектор, објави „Индипендент“.

Привлекувањето соработници-волонтери меѓу банкарите, сметководителите и компјутерските експерти е сржта на стратегијата на новата агенција за борба против шверцот на наркотици и оружје, злоупотребита на деца, корупцијата, измамите и кибер криминал.

Агенцијата ќе има соработници во 120 земји низ светот, а нејзини цели ќе бидат околу 37.000 криминалци, поврзани со 5.500 организирани криминални групи.

Националната криминалистичка агенција ќе ја замени дискредитираната Агенција за тежок организиран криминал, која честопати беше нарекувана британско ФБИ, но која беше критикувана заради својата неспособност да ги најде и пред судот да ги изведе криминалните шефови и да го одземе нивниот незаконски стекнат имот.

Националната криминалистичка агенција веќе регрутира 10 доброволци и во моментов трага по сметководители, компјутерски експерти и правници.

Лица кои биле осудувани нема да бидат ангажирани како доброволци на Агенцијата. Според генералниот директор на Агенцијата, Кит Бристов, има многу јавувања за доброволци и Агенцијата ќе биде многу внимателна во изборот на своите идни кадри.

Формирањето на Националната криминалистичка агенција беше дочекано со недоверба од лабуристичката опозиција, која соопшти дека ќе постави пратенички прашања за критериумите за избор на доброволци и за експертизата на агенцијата.

Недоверба кон стратегијата на работа на Агенцијата има и меѓу професионалците во секторот. „Индипендент“ го цитира претседателот на Полициската федерација на Англија и Велс, Стив Вилијамс, кој смета дека идејата за избор на доброволци е одраз на владината политика за штедење.

Формирањето на Националната криминалистичка агенција е трета реформа на британските служби за борба против организираниот криминал од 1997 година.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца