Новата американска амбасадорка во Украина пристигна во Киев

Од:

Новата американска амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, пристигна во Киев, откако САД на почетокот на руската инвазија врз земјата во февруари ги повлекоа сите свои дипломати од земјата.

Бринк, кој до неодамна беше американски амбасадор во Словачка, беше назначена на новата дипломатска функција на крајот на април од претседателот Џо Бајден, а Сенатот едногласно го потврди изборот.

Се очекува подоцна неделава Бринк да му ги предаде акредитивните писма на украинскиот претседател Владимир Зеленски, се наведува на веб-страницата на американската Амбасада во Киев.

Американската Амбасада ги евакуираше сите вработени во јануари и кон средината на февруари сите свои дипломатски операции ги префрли во Лавов, во западна Украина.

Непосредно пред почетокот на руската инвазија, американските дипломати ја напуштија Украина и се преселија во Полска.

Иако акцијата на САД беше критикувана, на долг рок практично сите западни дипломати го напуштија Киев, порано или откако Русија ја почна инвазијата.

Откако од крајот на март руската армија беше потисната од околината на Киев, групи дипломати полека почнаа да се враќаат во главниот град на Украина.

Би можело да ве интересира

Кој повеќе и помогнал на Украина, САД или Европа – што покажуваат бројките

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната