На преговорите меѓу претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Иран е постигнат извесен напредок, потврди анонимен дипломат од седиштето на МААЕ во Виена.
Според дипломатот во јануари во Техеран ќе има нова средба МААЕ-Иран.
Претходно за средбата информираше во Техеран иранскиот претставник во МААЕ Али Асгар Солтание. Тој, меѓу другото, истакна дека е постигнат напредок, но не прецизира за што станува збор.
Шефот на делегацијата на МААЕ, во посета на Иран, Белгиецот Херман Накертс, се очекува да даде изјава денеска по враќањето во Австрија.