Северна Кореја објави денеска нова монтирана пропаганда снимка, насловена како „Последна шанса“, на која се прикажува нуклеарен напад врз Вашингтон.
Во четириминутната снимка се гледа лансирање на нуклеарна ракета од подморница кон Вашингтон, а на крајот на снимката се гледа американското знаме во пламен.
На снимката е прикажана историјата на американско-корејските односи и завршува со дигитално обработена сцена, на која се гледа ракета како минува низ облаци, се враќа на земјата и паѓа пред споменикот на Абрахам Линколн во Вашингтон.
Зградата на Капитол хил експлодира и се појавува порака на корејски јазик: „Доколку американските империјалисти се помрднат и еден милиметар кон нас, ние веднаш ќе нападнеме со нуклеарно оружје“.
Северна Кореја исто така ја предупреди Јужна Кореја дека ќе ја нападне претседателската палата во Сеул, доколку јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе не и се извини поради „предавството“.