Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одредба со која им олеснува на оние кои живеат во деловите на Украина кои се под руска контрола да станат руски државјани. Но, таа одредба значи и дека оние кои не сакаат да го променат своето државјанство или да го легализираат својот статус може да бидат предмет на депортација.
Ројтерс известува дека според одредбата, оние кои живеат во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје (четири региони за кои има претензии Русија) можат да започнат со процесот на стекнување руско државјанство или легализација на статусот. Но, во актот стои и дека оние кои нема да го покренат тој процес до 1 јули 2024 година ќе се сметаат за странски државјани, што значи дека Русија би можела да ги депортира од споменатите окупирани територии.