Јужна Кореја денеска соопшти дека починал уште еден човек инфициран со вирусот МЕРС, кај нас познат и како Нилска треска. Починал 55-годишен жител на Сеул, кај кого заразата со вирусот била утврдена на 9 јуни, во болницата Самсунг. Со ова, вкупната бројка на починати поради заразата со вирусот МЕРС во Јужна Кореја се искачи на 32 лица.
Јавноста и Министерството за здравство на Јужна Кореја не запираат со острите критики на болницата Самсунг, која се смета за една од најелитните во државата, а во која несовесно и нестручно се реагирало при дијагностицарењето на првите симптоми на МЕРС на 19 мај годинава. Само во оваа болниа со вирусот се заразени 90 лица, меѓу кои има медицински работници и посетители.
Според Светската Здравствена Организација, процентот на смртноста од вирусот МЕРС е околу 36 отсто, а во Јужна Кореја, барем до сега, овој процент е речиси два пати помал. Бидејки и натаму, иако во помал број, се дијагностицираат нови заразени никој не може да претпостави колку ќе биде фатална појавата на МЕРС во Јужна Кореја.