Нов земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Непал.
Како што соопшти Американскиот геолошки институт епицентарот на денешниот потрес бил на 76 километри југоисточно од непалскиот главен град Катманду.
Засега нема информации за жртви и разурнувања при земјотресот.
На 25 април Непал го погоди земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер, во кој загинаа над 8.000 лица. По овој во земјата беа регистриани серија други потреси, од кои неколку со појак интенизтет.