Нов земјотрес е регистриран во близина на брегот на Индонезија

Од:

Нов земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во близина на брегот на индонезискиот остров Јава на длабочина од 10 километри, соопшти Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ).

Земјотресот уследи по земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, регистриран повеќе од четири часа претходно, пренесува Ројтерс.

Епицентарот на вториот земјотрес бил на околу 130 километри северно од Тубан во провинцијата Источна Јава, соопшти БМКГ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Индонезија, се евакуираат жителите

ВИДЕО: Шестгодишно дете спасено од урнатините два дена по земјотресот во Индонезија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена драматична снимка од силниот земјотрес во училиште во Индонезија

А1он