Нов Зеланд прогласи кризна климатска состојба

Од:

Владата на новозеландската премиерка Џaсинда Ардерн денеска прогласи „кризна климатска состојба“.

Декларацијата се заснова на истражување на Меѓувладиниот панел за климатски промени за потребата од драстично намалување на глобалните емисии на штетни гасови за да се избегне затоплување од 1,5 Целзиусови степени.

Нов Зеланд се приклучи на уште 32 други земји, вклучувајќи ги Канада, Франција и Велика Британија, кои прогласија вонредна состојба поради климатските промени.

– Ова е научна декларација, рече Ардерн пред Парламентот.

– Оваа декларација е потврда за следната генерација. Потврда за товарот што ќе го сноси ако не преземеме мерки веднаш, потенцираше таа.

Тој симболичен чекор е направен во време кога Владата објави дека јавниот сектор ќе мора да постигне јаглеродна неутралност до 2025 година.

Агенциите ќе мора да ги мерат и да ги објавуваат своите емисии и да компензираат за сè што не можат да скратат, истакна Ардерн.

– Барањето јавниот сектор да постигне јаглеродна неутралност во рок од пет години ја покажува посветеноста и подготвеноста на Владата за итно дејствување во борбата против климатските промени, рече премиерката

Тоа е „важен чекор напред“ во планот за јаглеродна неутралност во Нов Зеланд до 2050 година, рече Ардерн.

Лабуристите, Зелените и партијата на Маорите гласаа за декларацијата, што беше повеќе од доволно за мнозинство, додека АЦТ и Националната партија беа против.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска