Нов Зеланд потписник на вселенскиот договор со НАСА

Од:

Нов Зеланд стана потписник на планот за вселенска соработка што ги поддржува плановите на американската вселенска агенција за враќање на луѓето на Месечината до 2024 година.

Оваа држава денеска објави дека потпишала договор за вселенска соработка со НАСА, во време кога вселенската индустрија на Нов Зеланд почнува да добива на интензитет.

Нов Зеланд стана 11. потписник на Артемискиот договор, план за вселенска соработка што ги поддржува плановите на американската вселенска агенција да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и да започне историска човечка мисија на Марс.

Министерката за надворешни работи Нанаја Махута рече дека Нов Зеланд е една од ретките земји што се во можност да лансираат ракети во вселената.

– Нов Зеланд е посветен на тоа да обезбеди дека следната фаза на истражување на вселената ќе се спроведе на безбеден, одржлив и транспарентен начин и во целосна согласност со меѓународното право, рече Махута.

Оваа земја соопшти дека е особено заинтересирана да се осигура дека минералите земени од Месечината или на друго место во вселената се користат на одржлив начин.

Вселенската индустрија на Нов Зеланд се проценува дека вреди 1,7 милијарди новозеландски долари (1,2 милијарди американски долари).

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски