Нанаја Махута е новата министерка за надворешни работи на Нов Зеланд. Таа е прва министерка Маорка.
– Привилегирана сум што ќе можам да ја застапувам својата земја во странство, изјави Махута.
Таа е член на движењето Кингитанга, што постои повеќе од 160 години на Нов Зеланд и е дел од Лабуристичката партија на премиерката Џасинда Арден.
Махута припапаѓа на народот Маори, полинезиско домородно население на Нов Зеланд и позната е по тоа што пред четири години влезе во Парламентот како единствена жена со традиционална тетоважа на брадата наречена моко кауае, што претставува своевидна лична карта бидејќи содржи информации за потеклото, статусот ио историјата на личноста.