Нов Зеланд и Тајван ги укинуваат царините

Од:

Новозеландсакта Влада го поддржа предлогот за укинување на царините во трговијата меѓу Тајван и Нов Зеланд.

Почнувајќи од декември годинава, увозниците од двете држави ќе плаќаат само еден отсто од царината, како административни трошоци, а по 12 години ќе биде укината и таа давачка.

Министерот за трговија Тим Гросер изјави дека очекува  значајно зголемување на новозеландскиот извоз во 23 милионскиот Тајван, но и значајни придобивки на домашната индустрија, која без оптоварувања ќе соработува со технолошки понапредните компании од Тајван.

Нов Зеланд планира значително зголемување на извозот на прозводи од млеко и месо, како и јаболка, цреши и вино во Тајван.

Во Велингтон пресметале дека државните буџети на двете земји од овој договор ќе имаат намален приход од околу 50 милиони долари годишно, но зголемен обем на трговската размена и придобивките за економиите на двете држави многукратно ја надминуваат оваа сума.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд