Нов Зеланд до јуни идната година ги повлекува трупите од Ирак

Од:

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден, денеска изјави дека земјата ќе ги повлече своите војници од Ирак до јуни следната година.

Контингентот на Нов Зеланд, во кој се 95 припадници на т.н. неборбен персонал се во воен комплекс северозападно од ирачкиот главен град Багдад, каде ги обучуваат ирачките безбедносни сили во рамки на заедничка мисија со 300 австралиски војници.

Арден рече дека бројот на новозеландските војници ќе се намали на 75 до јули, а до јануари следната година на 45 припадници на трупите, пред целосното повлекување.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад