Тропската бура Офелија, што се формира во централниот дел на Антлантикот, ќе зајакне и до утре ќе прерасне во ураган, предупреди денеска Американскиот национален центар за урагани (НХЦ).
Бурата денеска се наоѓа на околу 1.260 километри југозападно од Азорските Острови во Атлантикот и се движи кон исток.
Офелија во моментов носи ветрови со јачина од 85 километри на час.