Матичната компанија на најголемата руска технолошка компанија Yandex сака да ги прекине сите врски со земјата за да ги заштити нејзините нови бизниси од последиците од војната во Украина. Ова може да ги попречи плановите на Путин да развие домашни замени за високотехнолошките стоки кои доаѓаат од Запад, пишува Њујорк Тајмс.
Yandex, холандска компанија која често се нарекува „руски Google“, ќе ги носи своите најперспективни нови технологии на пазарите надвор од Русија и ќе ги продава постоечките деловни операции во земјата, вклучувајќи го популарниот интернет прелистувач, фирмите за испорака на храна и апликациите за такси превоз, изјавија за Тајмс луѓето вклучени во продажбата на компанијата.
Според нив, планот на компанијата е да се заштити домашниот руски пазар и катастрофалниот ефект на западните санкции кои можат да се прелеат на компании надвор од Русија. Тие додаваат дека инвазијата на Украина го оневозможи развојот на нови технологии, како што се самоуправувачките автомобили, вештачката интелигенција и услугите „cloud” . Ваквите операции кои бараат пристап до западниот пазар едноставно би пропаднале.