Властите во Сиера Леоне потврдија втор случај на заболен од ебола за помалку од една недела, пренесува БТА.
Портпаролот на Министерството за здравство на западноафриканската земја рече дека новиот пациент е 38-годишна жена, роднина на лицето кое на 12 јануари почина од ебола, а која се грижела за него. Тестот за ебола на починатиот беше направен дури по неговата смрт.
Оваа вест предизвика тревога во земјата и се смета за нов неуспех во обидите за искоренување на смртоносната епидемија во регионот, од која починаа 11.300 лица.