Нов силен земјотрес на брегот на Камчатка

Од:

Уште еден земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случи покрај брегот на Камчатка, објави прес-службата на Геофизичката служба на Руската академија на науките на својот Телеграм канал.

„Координати: 49.6542, 158.0584. Растојание од епицентарот: 381 км. Длабочина (км): 67,7. Магнитуда: 6,5 – се вели во соопштението“, пренесува РИА Новости.

Според информациите од веб-страницата на огранокот, земјотресот се случил во текот на денот, на 178 километри од Северо-Курилск.

Според Геофизичката служба на Руската академија на науките, во првите 12 часа по главниот земјотрес се регистрирани 134 последователни потреси, од кои некои достигнале магнитуда од 6,3 степени, објавува агенцијата Камчатка Информ.

Земјотресот се случил кратко пред пладне по локално време и бил најсилниот во сеизмичката зона на Камчатка од ноември 1952 година.

Епицентарот бил покрај источниот брег на полуостровот, но последователни потреси биле регистрирани и покрај јужниот и западниот брег, како и на копното на самата Камчатка.

Потресите биле почувствувани во Петропавловск-Камчатски, каде што земјотресот достигнал магнитуда од 3 до 4 степени.

По првите 12 часа, во следниот час биле регистрирани уште 10 последователни потреси, од кои најсилниот имал магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Цунамито што денес ги погоди Русија, Јапонија и САД е предизвикано од силен земјотрес во Камчатка, со магнитуда од 8,7 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес во Македонија

А1он

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

А1он

Земјотрес во близина на Мостар