Нов седумгодишен мандат за Асад Башар како претседател на Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар Асад убедливо победи на претседателските избори, кои Западот и опозицијата ги сметаат за нелегитимни, обезбедувајќи четврти седумгодишен мандат.

Претседателот на сирискиот парламент Хамуд Сабаг ги објави конечните резултати од вчерашните избори, според кои Асад доби 95,1 процент од гласовите.Одѕивот, според официјалните податоци, бил 78,6 проценти. Гласањето траеше 17 часа и немаше независни набудувачи.

Асад формално имаше двајца противници, поранешен министер и поранешен опозиционер, кои не претставуваа закана за него.

Легитимноста на вчерашните избори ја оспоруваат бројни Сиријци кои не живеат во области под контрола на владата на Асад. Немаше гласање во северозападна и североисточна Сирија, во областите контролирани од курдски бунтовници или борци, каде што живеат најмалку осум милиони луѓе, претежно раселени.

Од приближно пет милиони бегалци, главно кои живеат во соседните земји, мнозинството не излегоа на гласање.Официјални лица велат дека 18 милиони луѓе имале право на глас.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка