Авганистанец загина и тројца други се ранети во напад со автомобил-бомба врз колона на меѓународните сили во Кабул извршен денеска.
Талибанците презедоа одговорност за нападот. ИСАФ соопшти дека нема повредени припадници на НАТО.
Нападот бил извршен во источниот дел од Кабул на место каде се распоредени американска воена база и станбен комплекс за службеници од ОН и други меѓународни организации.