Нов руски хуманитарен конвој се упати кон Украина

Од:

Нов руски конвој со хуманитарна помош денеска се упати кон источните украински области Доњецк и Луганск, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

Министерството, како што се наведува во соопштението испраќа помош на барање на лидерите на Доњецк и Луганск.

Во конвојот се наоѓаат лекови за медицинските установи и гориво за клучните служби, вклучувајќи ја и службата за брза помош и амбулантите, изјави заменик-директорот на Центарот за управување со кризи, Олег Воронов.

Конвојот е составен од 20 камиони и тие пренесувата вкупно сто тони помош.

Ова е шестти хуманитарен руски конвој за Доњецк и Луганск. Со петте претходни конвои, Русија испрати во овие две отцепени украински области 7.500 тони помош, која се состоеше од храна, лекови, електрични генератори, облека и флаширана вода.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион