Нов напад во Црвеното Море, дрон погоди брод, избувна пожар

Од:

Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) извести за нов инцидент во Црвеното Море. Како што објави агенцијата на X, инцидентот се случил на околу 60 наутички милји југоисточно од Аден, Јемен.

УКМТО известува дека бродот, кој се уште не е идентификуван, бил погоден од беспилотно летало. На нападнатиот брод избувнал пожар кој брзо бил изгаснат.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но членовите на движењето Хути, поддржано од Иран, Ансар Алах, кое го контролира поголемиот дел од брегот на Црвеното Море на Јемен, напаѓаат комерцијални бродови во областа за која велат дека се поврзани со Израел или патуваат до израелските пристаништа, во операција која има за цел да ги поддржи Палестинците и Хамас во војната во Газа.

Американските и британските сили минатата недела одговорија со десетици воздушни и поморски напади врз цели на Хутите во Јемен. Хутите реагираа пркосно, велејќи дека нема да престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море, додавајќи дека сите британски и американски бродови се „легитимни цели“.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

ВИДЕО: Американците урнаа свој авион над Црвеното море

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа